Крка и Тигар купуваат талк од Велес

Bez autora
Jul 25 2011

Талкот од фирмата "Димче Мирчев" од Велес повторно се продава на пазарите во Словенија, Хрватска и Србија. Во изминатите шест месеци компанијата извезе 640 тони, а според склучените договори, до крајот на годинава ќе бидат продадени уште 700 тони што во однос на лани е повеќе дури за 90 насто. Со затварањето на фабриката за вештачко ѓубре во Велес, потоа на ОХИС и Комуна од Скопје, кои годишно купуваа над 18.000 тони талк и со прекинувањето на врските со фирмите од поранешна Југославија, производството беше доведено во прашање. Рудникот кој се наоѓа недалеку од велешкото село Извор, само што не беше затворен. Сега работите тргнаа на подобро, особено со обновувањето на поранешната соработка со познати фирми и со зголемиот пласман на талкот. Купувачи на оваа суровина се познати компании, како фабриката "Крка" од Словенија, "Ветерина" и "Хромос" од Хрватска, фабриката за гуми "Тигар" од Србија и уште неколку фабрики за производство на вештачко ѓубре. Од компанијата ни рекоа дека најголема примена велешкиот талк има во производството на вештачко ѓубре, на гуми, во козметичката индустрија, а се користи и како изолационо средство во електрониката.

Крка и Тигар купуваат талк од ВелесТалкот од фирмата "Димче Мирчев" од Велес повторно се продава на пазарите во Словенија, Хрватска и Србија.

Во изминатите шест месеци компанијата извезе 640 тони, а според склучените договори, до крајот на годинава ќе бидат продадени уште 700 тони што во однос на лани е повеќе дури за 90 насто. Со затварањето на фабриката за вештачко ѓубре во Велес, потоа на ОХИС и Комуна од Скопје, кои годишно купуваа над 18.000 тони талк и со прекинувањето на врските со фирмите од поранешна Југославија, производството беше доведено во прашање. Рудникот кој се наоѓа недалеку од велешкото село Извор, само што не беше затворен.

Сега работите тргнаа на подобро, особено со обновувањето на поранешната соработка со познати фирми и со зголемиот пласман на талкот. Купувачи на оваа суровина се познати компании, како фабриката "Крка" од Словенија, "Ветерина" и "Хромос" од Хрватска, фабриката за гуми "Тигар" од Србија и уште неколку фабрики за производство на вештачко ѓубре. Од компанијата ни рекоа дека најголема примена велешкиот талк има во производството на вештачко ѓубре, на гуми, во козметичката индустрија, а се користи и како изолационо средство во електрониката.

- Деновиве на хрватската фирма "Ветерина" од Загреб и испорачавме 200 тони талк. Со оваа пратка повторно ја воспоставивме некогашната соработка. Добро е што нашиот талк покрај Хрватска повторно се продава и во Словенија и Србија, а верувам дека за него интерес ќе пројават и компании од земјите од Европската унија - вели Ленче Николовска, директор на компанијата.

Годишното производство на "Димче Мирчев" во која се вработени шеесетина работници, е над 25.000 тони талк.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik